Политика за приватност
Политика за приватност на податоците
Го цениме Вашиот интерес за нашата компанија и сакаме да се чувствувате безбедно во однос на заштитата на Вашите лични податоци кога го посетувате нашиот веб-сајт. Ги почитуваме сите важечки Закони за приватност, а особено барањата на Општа регулатива за заштита на личните податоци на Европската унија („ОРЗЛП“) и Законот за заштита на личните податоци на Република Северна Македонија („Службен весник на РСМ“ бр. 42/20, 294/21 и 101/2025 ) („Закон“).
Контролор на обработката на Вашите лични податоци на веб-сајтот https://www.espumisan.mk/ (во понатамошниот текст: „веб-сајт“) е Берлин-Хеми/А. Менарини Македонија ДООЕЛ Скопје. Повеќе информации за контролорот можете да најдете во импресумот: https://www.berlin-chemie.rs/sr-latn-rs/Impresum. Исто така, можете да го контактирате и нашето лице за заштита на личните податоци на следната адреса: Берлин-Хеми/А. Менарини Македонија ДООЕЛ, Методија Шаторов Шарло бр.1/2-15 Скопје - Кисела Вода или да испратите e-mail на адресата: dpo.macedonia@berlin-chemie.com.
Заштитата на Вашите лични податоци ја сфаќаме многу сериозно. Лични податоци се сите податоци кои се однесуваат на идентификувано физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува, како што се име, адреса и e-mail адреса. Кога го посетувате нашиот веб-сајт, собираме лични податоци коишто ги обработуваме во согласност со важечките прописи за заштита на личните податоци.
Вашите податоци ги чуваме само додека тоа е неопходно за функционирањето на нашиот веб-сајт и поврзаните услуги или додека сме законски обврзани да ги чуваме Вашите податоци. Со оваа политика за приватност сакаме да ве информираме за податоците што ги собираме додека го посетувате нашиот веб-сајт и начинот на кој овие податоци се користат.
Оваа онлајн услуга не е наменета за деца помлади од 16 години.
Податоци коишто се обработуваат кога ќе го посетите нашиот веб-сајт
Кога го користите овој веб-сајт само за информативни цели, т.е. кога не се регистрирате или не ни дадете информации на друг начин, ги обработуваме само личните податоци коишто Вашиот пребарувач ги пренесува на нашиот сервер. Доколку сакате да го пребарувате нашиот веб-сајт, ги собираме следните податоци кои се технички неопходни за да Ви го прикажеме нашиот веб-сајт и да ја обезбедиме стабилноста и безбедноста на веб-сајтот (правна основа е чл. 6 став 1 точка f) од ОРЗЛП т.е. член 10 став 1 точка 6) од Законот):
• IP адреса;
• Датум и време на посетата;
• Разлика во временската зона според средното време на Гринич (GMT);
• Содржина на барањето (одреден сајт);
• Статус на пристап /HTTP статусен код;
• Количина на пренесени податоци во секој поединечен случај;
• Веб-сајт од кој е поднесено барањето;
• Прелистувач;
• Оперативен систем и неговиот интерфејс;
• Јазик и верзија на софтверот на прелистувачот.
Вашите податоци ги чуваме само додека тоа е неопходно за а целта за која се собрани.
Употреба на колачиња
Детални информации за колачињата што ги користиме можете да најдете во делот за поставки за колачиња во долниот лев агол на нашиот веб-сајт. Таму, исто така, во секое време можете да ги измените поставките за колачињата.
Разликуваме два основни вида на колачиња: 1) строго неопходни, без кои не е можно прегледување на веб-сајтот и користење на неговите функционалности (2) изборни колачиња (на пр. аналитички колачиња, колачиња за таргетирање, функционални колачиња) кои се користат, на пример, за анализа на веб-сајт, персонализација на веб-сајт и маркетинг цели. Бараните колачиња се неопходни за правилно функционирање на веб-сајтот. Колачињата се мали текстуални датотеки кои автоматски ги креира Вашиот пребарувач и кои се чуваат на Вашиот уред (на пр. лаптоп, таблет, паметен телефон) кога го посетите нашиот веб-сајт. Информациите коишто се појавуваат во врска со употребата на одреден уред се чуваат во колачето. Ова не значи дека можеме директно да ве идентификуваме. Употребата на колачињата има за цел да го направи користењето на нашите услуги колку што е можно попријатно за Вас. Користиме колачиња за сесија, на пример, за да препознаеме дека веќе сте посетиле поединечни страници на нашиот веб-сајт. Овие колачиња се бришат веднаш откако ќе го напуштите нашиот веб-сајт.
Заради корисничко искуство, користиме и привремени колачиња кои се чуваат на Вашиот уред во одреден временски период. Ако повторно го посетите нашиот веб-сајт за да ги користите нашите услуги, веднаш се препознава дека претходно сте го посетиле нашиот веб-сајт, кои внесувања сте ги имале и кои поставки сте ги избрале, така што нема потреба повторно да ги внесувате овие информации.
Поради нивната важност за функционирањето на веб-сајтот, не можете да ги одбиете потребните колачиња. Обработката на личните податоци ја базираме врз чл. 6 ст. 1 точка f) од ОРЗЛП, односно член 10 ст. 1 точка 6) од Законот. Наши легитимни интереси се: да ви го прикажеме нашиот веб-сајт и да обезбедиме стабилност и безбедност на веб-сајтот.
Покрај тоа, со Ваша согласност (чл. 6 став 1 точка a) од ОРЗЛП т.е. член 10 ст. 1 точка 1 од Законот), користиме колачиња од трета страна за статистичка евиденција и анализа на користењето на нашиот веб-сајт со цел да ги оптимизираме нашите услуги за Вас и да прикажеме информации кои се специјално прилагодени за Вас. Овие колачиња ни овозможуваат да ги препознаеме корисниците кои повторно го посетуваат нашиот веб-сајт. Овие колачиња автоматски се бришат по истекот на одреден временски период. Вашата согласност можете да ја повлечете во секое време без последици со дејство кое ќе важи во иднината. За да го направите тоа, изменете ги поставките за колачиња.
Повеќето пребарувачи прифаќаат колачиња автоматски. Можете да ги приспособите поставките на Вашиот пребарувач така што нема да се чуваат колачиња на Вашиот уред или да се појавува известување секој пат пред да се постави ново колаче. Меѓутоа, доколку Вашиот уред не прифаќа колачиња, можеби нема да можете целосно да ги користите сите функции на нашиот веб-сајт.
Обработка на податоци при контактирање
ПРЕКУ E-MAIL АДРЕСА:. кога не контактирате преку e-mail, телефон или пошта, ги зачувуваме податоците што ни ги давате (на пр. Вашата e-mail адреса, а можеби и име и телефонски број и/или адреса) за да можеме да одговориме на Вашите прашања.
Информациите што ни ги давате ги зачувуваме за да оствариме комуникација со Вас (правна основа е чл. 6 став 1 точка f) од ОРЗЛП т.е. чл. 10 ст. 1 точка 6) од Законот).
Доколку ни дадете информации во врска со можни несакани дејства на нашите лекови или медицински средства, ние сме законски обврзани да ги обработиме и зачуваме овие информации (правна основа е чл. 9 став 2 точка i) од ОРЗЛП т.е. член 10 став 1 точка 3 ) и член 13 ст. 2 точка 9) од Законот).
Податоците добиени во овој контекст ги бришеме кога чување веќе не е потребно или ја ограничуваме обработката во случај на законски должности за задржување на податоци.
Социјални медиуми
Следните страници на социјалните медиуми се заеднички управувани од страна на нашата компанија и соодветните мрежни оператори: YouTube: Google Ireland Limited, Gordon House, Barrow Street, Dublin 4, D04 E5W5 Ireland („YouTube“)
Договори помеѓу заеднички контролори
Склучивме договори за заедничка одговорност со мрежните оператори. Со овие договори, меѓу другото, се регулираат условите за користење на нашите страници на социјалните медиуми. Следните договори се релевантни за секој поединечен случај:
YouTube: Политика за приватност и Услови за користење.
Обработка на лични податоци
Кога ги посетувате нашите страници на социјалните медиуми, личните податоци на посетителите на страницата се обработуваат од страна на нашата компанија и мрежните оператори на следниот начин:
YouTube: во врска со функционирањето на нашата сметка на YouTube, ги користиме функциите за анализа на YouTube. Со функцијата за анализа, можеме да анализираме и статистички да го процениме користењето. Повеќе информации можете да најдете во Политиката за приватност на Google.
Цели на обработката
Обработката на овие информации служи за следните цели:
Подобрување на рекламирањето:мрежните оператори можат да го оптимизираат својот систем за рекламирање, којшто го дистрибуираат преку своите мрежи.
Статистика и анализа на пазарот:можеме да добиваме анонимизирана статистика за корисниците на нашите страници на социјалните медиуми со цел да ги контролираме нашите маркетинг активности.
Демографски и географски проценки:врз основа на собраните информации во анонимизирана форма, се креираат и ни се достапни и демографски и географски проценки. Овие информации можеме да ги користиме, на пример, за прикажување на целно рекламирање базирано на интереси.
Комуникација и интеракција:ние ги користиме нашите страници на социјалните медиуми за да комуницираме со нашите потрошувачи, заинтересирани страни и корисници и да ги информираме за нашиот асортиман на услуги.
Правна основа
Со нашите страници на социјалните медиуми управуваме врз основа на нашите легитимни интереси за оптимизирање на презентацијата на компанијата и производите (член 6 став 1 реченица 1 точка f) од ОРЗЛП, односно член 10 став 1 точка 6) од Законот).
Пренос на податоци
Кога користите YouTube, Вашите податоци можат да се обработуваат надвор од Европската унија, т.е. надвор од Република Северна Македонија, особено во САД. Бидејќи Соединетите Американски Држави се земја-членка на НАТО, се смета дека тие обезбедуваат соодветно ниво на заштита на податоците според законодавството на Република Северна Македонија, слично како и земјите-членки на ЕУ. Затоа, преносот на податоци во САД се третира на ист начин како и преносот во рамките на ЕУ.
Како можете да ги остварите Вашите права како субјект на лични податоци?
Во принцип, можете да ги остварите Вашите права на заштита на личните податоци (детално во делот „Вашите права и информации за контакт“) во врска со обработката на податоците која се врши преку нашата страница на социјалните медиуми, во однос на нас, како и во однос на операторот. Сепак, би сакале да истакнеме дека најефективно можат да се остварат во однос на операторот бидејќи само провајдерот на социјалната мрежа има пристап до податоците на корисниците поради што следствено може да преземе соодветни мерки и да обезбеди директни информации.
Кои опции ги имате за да поднесете приговор на обработката на податоците?
Точните опции за приговор варираат во зависност од платформата. Еве преглед:
YouTube: Поставки во Вашата сметка на Google. Може да управувате и со други поставки за приватност тука.
Анализа на веб-сајтот со Google
Нашите веб-сајтови користат Google Analytics, услуга за веб-аналитика која ја пружа Google Ireland Limited, Gordon House, Barrow Street, Dublin 4, D04 E5W5 Ирска (компанија Google LLC, 1600 Amphitheatre Parkway, Mountain View, CA 94043, USA). Ние користиме Google Analytics врз основа на Вашата согласност (чл. 6 став 1 точка а) од ОРЗЛП т.е. чл. 10 став 1 точка 1) од Законот) за да вршиме анализи како Вие и другите корисници ги користите нашите веб-сајтови и за да можат да се креираат соодветни извештаи. Конкретно, се обработува Вашата IP адреса и се користат колачиња.
Google ќе ги анализира информациите во врска со Вашето користење на нашиот веб-сајт (на пример, упатениот URL, нашите веб-страници што ги посетувате, типот на Вашиот пребарувач, Вашите поставки за јазик, оперативен систем, резолуција на екранот) во наше име. За таа цел ги користиме колачињата опишани подетално во Центарот за поставки за приватност. Бидејќи ја активиравме IP анонимизацијата на нашиот веб-сајт, Вашата IP адреса ќе биде скратена од страна на Google во земјите-членки на Европската унија пред да биде пренесена.
Само во исклучителни случаи целосната IP адреса ќе биде пренесена на Google сервер во САД и дури потоа таму ќе се скрати (повеќе информации за целта и опсегот на собирање на податоците можете да најдете во Политиката за приватност на Google). Соодветните резултати потоа ќе ни бидат достапни во анонимизирана форма. Вашите податоци за користењето нема да се поврзат со Вашата целосна IP адреса за време на овој процес.
Стандардно, колачињата GA4 траат 2 години. Податоците што ги испраќаме и кои се поврзани со колачиња автоматски се бришат по 14 месеци.
Кога вашите лични податоци се пренесуваат на Google, тие може да бидат складирани на сервери лоцирани во Соединетите Американски Држави. Бидејќи САД се признати како земја-членка на НАТО, тие се сметаат дека обезбедуваат соодветно ниво на заштита на податоците според македонското законодавство, на исто ниво како и земјите-членки на ЕУ. Затоа, преносите во САД се третираат на ист начин како и преносите во рамките на ЕУ.
Вашата согласност за користење на веб-анализата можете да ја повлечете во секое време, или со преземање и инсталирање на обезбедениот Google Browser Plugin или со повлекување на Вашите дадени согласности во поставките за колачиња, во кој случај ќе се постави колаче за откажување. И двете опции ќе ја спречат примената на веб-анализата се додека го користите пребарувачот на кој сте го инсталирале plugin-от и не го бришете колачето за откажување.
Дополнителни информации за Google Analytics се достапни во Условите за користење на Google Analytics, Насоките за податоци и приватност на Google Analytics и во Политиката за приватност на Google.
Користиме Google Analytics со Google Signals овозможени од страна на Google Ireland Limited, Google Building Gordon House, 4 Barrow Street, Dublin, D04 E5W5, Ирска. Користиме Google Signals врз основа на Вашата согласност (член 6 став 1 точка а) од ОРЗЛП т.е. член 10 став 1 точка 1) од Законот со цел да добиеме увид во тоа каква е интеракцијата на корисниците со нашиот веб-сајт. Овие информации ни служат за да ги подобриме нашите услуги и да го направиме целното рекламирање поефективно.
Собираме податоци само врз основа на Вашата согласност за персонализирани реклами во Вашата сметка на Google. Google Signals ни овозможува да ја анализираме Вашата активност на различни уреди поврзани со Вашата сметка на Google, што ни дава поширок приказ на Вашите интереси.
Собраните податоци можат да вклучуваат: интеракција на веб-сајт, податоци за локација (доколку е овозможено), историја на пребарување (доколку е овозможено), историја на YouTube (доколку е овозможено).
Овие податоци се користат со цел: генерирање на анонимизирани и збирни извештаи за демографијата и интересите на корисниците (возраст, јазик, локација, пол итн.); креирање на целна публика за рекламни кампањи, подобрување на карактеристиките на веб-сајтот и персонализирање на Вашето корисничко искуство.
Сите собрани податоци се анонимизираат и се сумираат пред чувањето. Никогаш не чуваме податоци на индивидуални корисници.
Стандардно, овие анонимизирани податоци се чуваат 26 месеци. Со овие податоци можете да управувате или да ги избришете директно во поставките на Вашата сметка на Google.
Иако не можете директно да ја повлечете согласноста за Google Signals во поставките на веб-сајтот, корисниците можат да управуваат со својата согласност за персонализирани реклами преку своите сметки на Google.
Во некои случаи, вашите податоци може да бидат пренесени на сервери лоцирани во Соединетите Американски Држави за обработка. Бидејќи САД се земја-членка на НАТО, се смета дека обезбедуваат соодветно ниво на заштита на податоците според законодавството на Република Северна Македонија, слично како и земјите-членки на ЕУ. Затоа, ваквите преноси на податоци се третираат на ист начин како и оние во рамките на ЕУ.
Google Tag Manager
На нашиот веб-сајт се користи Google Tag Manager. Google Tag Manager е решение на Google Inc. за компаниите да можат да управуваат со таговите на веб-сајтот преку интерфејс. Google Tag Manager не користи колачиња и не собира лични податоци. Оваа алатка овозможува иницијација на други тагови кои, од друга страна, можат да собираат лични податоци. Google Tag Manager нема пристап до овие податоци. Деактивирањето на ниво на домен или колачиња се применува на сите тагови за следење имплементирани од страна на Google Tag Manager.
Google Ads
Сè додека ја имаме Вашата согласност, користиме Google Ads и следење на конверзии за да ја измериме ефективноста на поединечните реклами, понуди и функции. За таа цел, кога ќе кликнете на реклама на Google се поставува колаче. Ова колаче нема за цел лична идентификација, туку да ни овозможи да утврдиме дали сте се вратиле на веб-сајтот со одредена понуда во период од 30 дена колку што трае ова колаче.
На секој корисник на Google Ads му се доделува различно колаче. Поради тоа, не е можно корисниците на Google Ads да следат колачиња преку веб-сајтот. Податоците собрани преку колачињата за конверзија се користат за составување на статистика за конверзија за корисниците на Google Ads кои се одлучиле за следење на конверзии. Го дознаваме точниот број на корисници кои кликнале на одредена реклама и биле пренасочени на веб-сајт со таг за следење на конверзии.
Можете трајно да го оневозможите чувањето на Google колачињата за конверзија во поставките на Вашиот пребарувач.
Правна основа за обработувањето на Вашите податоци е чл. 6 став 1 точка а) од ОРЗЛП т.е. член 10 став 1 точка 1) од Законот (согласност).
Во некои случаи, вашите податоци може да бидат пренесени на сервери лоцирани во Соединетите Американски Држави за обработка. Бидејќи САД се земја-членка на НАТО, се смета дека обезбедуваат соодветно ниво на заштита на податоците според законодавството на Република Северна Македонија, слично како и земјите-членки на ЕУ. Затоа, ваквите преноси на податоци се третираат на ист начин како и оние во рамките на ЕУ.
Вашата согласност можете да ја повлечете во секое време без последици со дејство кое ќе важи во иднината. За да го направите тоа, изменете ги поставките за колачиња.
Ве молиме кликнете тука за дополнителни информации за заштита на податоците на Google.
Приматели на лични податоци и пренос на податоци во трети земји
Несакани дејства/ Несакани настани
Доколку дознаеме за потенцијални случаи на несакани реакции на некој од нашите производи, имаме законска обврска да документираме и споделуваме релевантни информации, вклучувајќи и лични податоци, со надлежните органи ширум светот, а кога е потребно за понатамошна евалуација, да контактираме со пријавувачите.
Остварување на правата
Можеме да проследуваме податоци до носителите на правата, консултантите и органите со цел да ги оствариме или заштитиме нашите права или правата на трети лица.
Екстерни даватели на услуги за обработка на податоци:
Користиме даватели на услуги кои не поддржуваат во извршувањето на нашите услуги. Овие даватели на услуги ги обработуваат Вашите лични податоци во наше име, во согласност со нашите упатства и под наш надзор, исклучиво за целите опишани во оваа политика за приватност. Овие даватели на услуги можат да бидат надвор од ЕУ, односно надвор од Република Северна Македонија. Ќе ги преземеме сите неопходни чекори за да обезбедиме соодветна заштита на податоците што ни ги давате во согласност со законските барања за заштита на податоците на Европската Унија и Република Северна Македонија. Доколку е потребно, ги користиме стандардните договорни клаузули на ЕУ т.е. стандардните договорни клаузули на Агенција за заштита на личните податоци на Република Северна Македонија со цел да обезбедиме соодветно правно ниво на заштита на личните податоци.
Кога земјата-примач е препознаена како земја која обезбедува соодветно ниво на заштита на податоците, не се потребни дополнителни заштитни мерки за пренос на лични податоци (види член 45(3) од Општата регулатива за заштита на податоци - GDPR). Според законодавството на Република Северна Македонија, земјите-членки на НАТО — вклучувајќи ги и Соединетите Американски Држави — се смета дека нудат соодветно ниво на заштита, слично на она на земјите-членки на ЕУ. Како резултат на тоа, преносот на податоци во овие земји се третира на ист начин како и преносот во рамките на ЕУ.
Безбедност на податоците
Користиме технички и организациски безбедносни мерки за да ги заштитиме Вашите лични податоци од злоупотреба, губење, уништување или пристап од страна на неовластени лица. Нашите безбедносни мерки се во согласност со најновите технолошки достигнувања.
Вашите права и информации за контакт
Општи права
Би сакале да Ве информираме за различните права што ги имате како субјект на податоци (член 4 став 1 точка 1) од ОРЗЛП т.е.член 4 став 1 точка 2) од Законот). Повеќе информации за Вашите права можете да најдете во членовите 15 - 21 од ОРЗЛП, односно членовите 19 - 25 од Законот.
За да ги остварите Вашите права, Ве молиме да го контактирате нашето лице за заштита на лични податоци. Информациите за контакт на лицето за заштита на лични податоци можете да ги најдете на почетокот на оваа Политика за приватност.
Право на пристап
Имате право да побарате информации за тоа кои од Вашите лични податоци сме ги собрале и обработиле. Ова вклучува информации за целите за кои се користат таквите податоци и временскиот период во кој тие податоци ќе се чуваат, како и информации за примателите или категориите на приматели на кои податоците ќе им бидат откриени. Покрај тоа, имате право да добиете копија од личните податоци кои се во процес на обработка.
Право на исправка
Имате право да добиете исправка на личните податоци кои не се или веќе не се точни. Исто така, имате право на дополнување на непотполни лични податоци. Корекциите на Вашите лични податоци ги проследуваме до трети страни кога за тоа постои правна обврска.
Право на бришење („право на заборав“)
Имате право Вашите лични податоци да бидат избришани во еден од следните случаи:
• Вашите лични податоци веќе не се неопходни во однос на целите за кои биле собирани или на друг начин обработувани или целта е исполнета;
• Сте ја повлекле Вашата согласност и не постои друга правна основа за обработка;
• Сте дале приговор на обработката и не постојат други полегитимни основи за обработка; доколку личните податоци се обработуваат за директни маркетинг цели, Вашиот приговор е доволен обработката да се прекине;
• Вашите лични податоци се незаконски обработени;
• Вашите лични податоци мора да се избришат заради усогласување со правната обврска во законодавството на Унијата или земјата-членка или Република Северна Македонија;
Ве молиме да имате предвид дека Вашето право на бришење на податоци може да биде законски ограничено. Законските ограничувања вклучуваат, но не се ограничени на член 17 став 3 од ОРЗЛП т.е. член 21 став 3 од Законот.
Право на ограничување на обработката
Имате право да добиете ограничување на обработката, во еден од следниве случаи:
• Ја оспорувате точноста на Вашите лични податоци, во одреден временски период којшто ни овозможува да ја провериме точноста на личните податоци;
• Обработката е незаконска и се спротивставувате на бришењето на личните податоци и наместо тоа барате ограничување на употребата;
• Личните податоци за целите на обработката веќе не ни се потребни, но Вие ги барате личните податоци за поднесување, остварување или одбрана на правни барања, или
• Сте дале приговор на обработката, но проверката дали нашите легитимни основи ги надминуваат вашите сè уште трае.
Ќе Ве информираме за одредено ограничување според горенаведените основи пред да го укинеме ограничувањето за обработката.
Повлекување на согласноста
Вашата согласност можете да ја повлечете во секое време со дејство кое ќе важи во иднината. Вашето известување за повлекувањето не треба да исполнува никакви формални барања. Можете едноставно да испратите неформално известување на горенаведените контакт адреси. Ова исто така важи и за согласноста дадена пред да стапи на сила ОРЗЛП (т.е. пред 25 мај 2018 година), односно пред да стапи на сила Законот (т.е. пред 24 февруари 2020 година). Повлекувањето на согласноста не влијае на законитоста на согласноста на обработка дадена пред повлекувањето.
Право на преносливост на податоци
Имате право да ги добивате личните податоци што се однесуваат на Вас и што сте ги дале, во структуриран, најчесто користен и електронски читлив формат и да ги пренесувате овие податоци на трети страни. Можете да вклучите детали и ограничувања од член 20 од ОРЗЛП т.е. член 24 од Законот. Остварувањето на Вашето право на преносливост на податоци во никој случај не влијае на остварувањето на Вашето право на бришење.
Право на поднесување жалба до надзорен орган
Имате право да поднесете жалба до надлежниот надзорен орган, особено до надзорниот орган во земјата-членка во која имате живеалиште, работното место или местото на наводното прекршување на правото на заштита на податоците т.е. до Агенција за заштита на личните податоци на Република Северна Македонија, доколку мислите дека нашата обработка на Вашите лични податоци ги крши важечките закони за заштита на податоците.
Право на приговор
Во согласност со член 21 од ОРЗЛП т.е. член 25 од Законот, имате право да поднесете приговор за обработката на Вашите лични податоци во секое време според посебната ситуација во која се наоѓате, доколку обработката ја вршиме врз основа на член 6 став 1 точка f) од ОРЗЛП т.е. член 10 став 1 точка 6) од Законот. Доколку поднесете приговор, повеќе нема да ги обработуваме Вашите лични податоци освен ако:
• Можеме да прикажеме дека постојат убедливи легитимни основи за обработка кои ги надминуваат Вашите интереси, права и слободи, или
• Обработката има за цел поднесување, остварување или одбрана на правни барања.
Особено имате право на приговор во случај на обработка на лични податоци со цел директен маркетинг, доколку ги користиме Вашите податоци за такви цели. Доколку дадете приговор на обработката на личните податоци која има за цел директен маркетинг, ние веќе нема да ги обработуваме Вашите лични податоци за таа цел.
Последно ажурирано 23.10.2025.